24фудбал

Хетафе се исплаши од коронавирусот: Нема да одиме во Италија, ако треба и службено ќе загубиме од Интер

Претседателот на Хетафе, Анхел Торес порача дека неговиот тим нема да патува во Италија и дуелот со Интер во Лига Европа, бараат од УЕФА да најде алтернативно решение и дури се подготвени службено да го загубат со 3-0.

Лига Европа

Хетафе во четврток гостува кај Интер во осминафиналето од најмасовното натпреварување во Европа, мечот ќе се игра зад затворени врати поради коронавирусот, но прашање е дали ќе се одржи.

Првиот човек на Хетафе соопшти дека тие нема да патуваат во Милано, бараат од УЕФА да најде алтернативно решение и дури се подготвени службено да загубат со 3-0. Клубот од предградието на Мадрид се плаши за здравјето на своите играчи и персонал, со оглед на тоа дека цела Италија е во карантин за да се спречи брзото ширење на коронавирусот, а ситуацијата е најалармантна во северниот дел на земјата, каде што „сините“ треба да гостуваат.

„Доколку ситуацијата не се промени драстично, Хетафе нема да патува во Италија. Побаравме од УЕФА да најде алтернативно решение. Ниту има потреба, ниту пак сакаме да се најдеме во жариштето на коронавирусот. Исто така побаравме помош и од Фудбалската федерација на Шпанија да се издејствува суспендирање на натпреварот“ – вели Анхел Торес.

„Ништо нема да не продомисли, подготвени сме службено да го загубиме натпреварот. Нема да ги ставам во ризик играчите и целиот персонал“.