24фудбал

УЕФА се освести и го одложи натпреварите Севиља-Рома и Интер-Хетафе

Европската куќа на фудбалот конечно регираше и одложи два натпревари од Лига Европа, утре нема да се играат мечевите Севиља-Рома и Интер-Хетафе.

Лига Европа

Прва реакција на УЕФА поради коронавирусот, европската куќа на фудбалот попладнево соопшти дека се одложени два натпревари во Лига Европа, и тоа шпанско-италијанските двобои, односно мечевите Севиља-Рома и Интер-Хетафе.

Причина за ваквиот потег е одлуката на властите во Шпанија да ги забранат сите летови од Италија. Рома попладнево не доби дозвола за лет, па УЕФА мораше да реагира и да реши дека нема да има фудбал на „Рамон Санчез Писхуан“ односно „Џузепе Меаца“.

Во моментов не е познат датумот кога ќе се играат натпреварите, ниту пак дали реваншите кои се на програмата следната недела ќе се одржат според планот.