24фудбал

Лидс реагираше навремено по предупредувачките сигнали од Рамадани, Алиоски и соиграчите под посебен режим

Фудбалерите на легендарниот клуб постојано објавуваат на социјалните мрежи за своите активности во поглед на билдањето, нешто за што посебен акцент стави Биелса, а клубот реагираше навремено во целост по предупредувачките сигнали од сопственикот Рамадани кој со своето семејство е во Милано.

Англија

Цели 18 години тимот од „Еланд Роуд“ чека на враќање во Премиерлигата, во моментов Лидс е на првото место на табелата во „Чемпионшип“ дивизијата на Островот, а формата до суспензијата на првенството беше одлична за тимот предводен од Марсело Биелса.

„Дејли Мејл“обрна посебно внимание на овој клуб, за тоа како се справува во кризата со коронавирусот, наведувајќи дека Биелса поставил стандарди во поглед на физичката подготвеност на фудбалерите, а сопственикот на клубот, Андреа Рамазани кој во моментов е во Милано, Италија, навремено предупредил за можните сценарија со оглед на хаотичната ситуација на Апенините.

Во поглед на оваа тема, „Дејли Мејл“ пренесе опширно за тоа како се одвиваше препораката на Рамазани, најпрво Лидс започна со темелно чистење на тренинг центарот, а токму во тој дел од работата на клубот биле поставени високи стандарди, за што потврдува и самиот Биелса, клубот дополнително ангажирал лица за да се грижи за тоа.

Истовремено, Лидс како клуб е помеѓу првите клубови на Островот кој ја минимизираше бројката на посетители на тренинг центарот на првиот тим за целосно да се избегнат било какви контакти и можни зарази.

Засега нема ниту еден позитивен случај во клубот во сите сегменти на неговото функционирање, што сугестира на тоа дека клубот презел вистински мерки, пред сенавремени, а Биелса и фудбалерите редовно тренираа откако првенството беше суспендирано, но, во понеделникот падна одлука во клубот да се испратат фудбалерите во домашна изолација за да се избегне било какво негативно сценарио во состојбата со коронавирусот.

И покрај големата репутација, „Дејли Мејл“ не го посочува аргентинскиот фудбалски стратег како диктатор во тимот, тој поставил добра стратегија за тоа што сака да се случи веднаш штом првенството продолжи, доколку се случи такво нешто, но истовремено има и целосна доверба во оние кои имаат задача фудбалерите да бидат во полн ритам дури и во домашни услови.

Откако падна одлуката фудбалерите да бидат испратени дома, Биелса наложил истото да важи и за медицинскиот персонал во тимот, а единствено оние кои имаат одредени компликации во својата работа да им биде помогнато.

Првиот човек на клубот, Радризани јасно им порача на фудбалерите дека треба да бидат пример за останатите, да ги следат препораките и советите на властите и максимално да се придржуваат кон тоа, впрочем, самиот тој уште од претходно вовел рестриктивни мерки во клубот поради стравување дека состојбата од Италија сериозно ќе се пренесе и во Велика Британија.

Том Робинсон, долгогодишниот член на фитнес тимот на Лидс, постојано работи со фудбалерите, односно им испраќа одреден режим на работа во домашни услови, а првичното барање на Биелса како и претходно, било да се обрне внимание посебно на тоа што се работело во теретаната, по што истите вежби сега се работат во домашни услови.

Фудбалерите на Лидс секојдневно билдаат, меѓутоа сето тоа е мониторирано од страна на човекот од доверба на Биелса во поглед на фитнесот, Беноит Делавал, а освен тоа, фудбалерите мораат максимално да се држат до планот во поглед на диетата и начинот на исхраната.

Целокупната програма на Лидс во овој период ветува дека клубот дури и во вакви услови максимално е посветен на тоа конечно после цели 18 години да се избори за враќање во Премиерлигата.

Веќе известивме дека Премиерлигашите поради огромните суми за ТВ права кон радиодифузерите сериозно размислуваат првенството да продолжи зад затворени стадиони, со оглед на тоа што се споменува сума од над 700 милиони евра кои би биле вратени во случај првенството да не заврши според програмата и планот во договорите со „БТ“, односно „Скај“.

Во крајот на својата објава на оваа тема, „Дејли Мејл“ завршува со следните зборови: Сето тоа што тие го знаат од едно гледиште, е фактот што во моментот кога ќе се слушне првиот судиски свиреж повторно низ терените, тоа да навести за значајната сезона, а Лидс ќе биде подготвен за тоа.