24фудбал

Стерлинг на прашањето дали би се вратил во Ливерпул: Да бидам искрен, го сакам тој клуб...

Актуелнава сезона Стерлинг на 24 настапи успеа да постигне 11 погодоци, а притоа да запише 2 асистенции во Премиерлигата која во моментов е суспендирана, во случај истата да продолжи, речиси сигурно е дека Ливерпул ќе ја освои титулата по пауза од цели 30 години.

Англија

Ѕвездата на англискиот првак Манчестер Сити, како и англиски репрезентативец, Рахем Стерлинг не ја отфрла целосно можноста за еден ден да се врати во Ливерпул.

Стерлинг за време на една сесија на социјалните мрежи, предводена од „Колосал Спортс Менаџменг“, агенцијата која се грижи за неговите права, беше директно прашан за можноста еден ден да се врати на „Енфилд“.

Дали некогаш би се вратил во Ливерпул? Да бидам искрен со вас, го сакам тој клуб, не ме разбирајте погрешно, тие секогаш се во моето срце, тоа е клуб кој стори многу за мене за да се развивам во ваков фудбалер“ рече Стерлинг.

Англиската ѕвезда го напушти составот на Ливерпул во 2015. година, а неговиот трансфер во Манчестер Сити изнесуваше 49 милиони фунти, а 25 годишниот офанзивец има важечки договор со „Граѓаните“ до 2023. година.