24фудбал

Меси донираше еден милион евра за борбата против коронавирусот

Лео Меси им се приклучи на богатите луѓе од фудбалот кој донираат за борбата против коронавирусот, Аргентинецот одвои еден милион евра.

Шпанија

И Лео Меси донираше голема сума во битката против вирусот кој го тресе целиот свет.

Според „Мундо Депортиво“, донацијата на Меси ќе биде поделена меѓу болници во Барселона и во Аргентина.

Претходно и Пеп Гвардиола донираше еден милион евра за опремување на болниците во Барселона.

Шпанија е една од најпогодените земји од коронавирусот со преку 42.000 случаи и речиси 3.000 мртви. Аргентина засега има нешто помалку од 400 случаи и шест мртви.