24фудбал

Продолжува војната, Ањели со зајадлив коментар до Лотито: Сега си и експерт за вирологија?

Медиумите од Италија пренесуваат за ново препукување помеѓу првите луѓе а Лацио и Јувентус, Андреа Ањели упатил зајадлив коментар до Клаудио Лотито.

Италија

Синоќа била одржана видеоконференција помеѓу клубовите од Серија А за да се дискутира ситуацијата, односно дали фудбалот ќе продолжи или нема, и доколку продолжи, кога и како ќе продолжи.

Медиумите од Италија пишуваат дека и на оваа средба имало препукување помеѓу првите луѓе на Лацио и Јувентус. Клаудио Лотито е еден од најголемите поборници за сезоната да продолжи, тој верува дека неговиот тим има солидни шанси за Скудетото и никако не сака да ја пропушти оваа шанса.

Па тој бил прилично оптимистички расположен на состанокот и уверливо говорел дека ќе има услови за продолжување на првенството.

„Дали сте ги виделе бројките? Заразата поминува! Јас го знам ова бидејќи разговарам со експерти, со луѓе кои се во првите борбени линии, не со докторите на фудбалските тимови“ – рекол Лотито според Тутоспорт.

Но Андреа Ањели не ја дели неговата самодоверба, па му порачал: „Секако, сега си и експерт за вирологија“.