24фудбал

Алиоски и соиграчите доброволно побараа да им се намалат платите

Фудбалерите на Лидс, стручниот штаб и високото раководство на клубот ќе имаат намалени плати со цел да можат да опстојат и другите вработени.

Англија

Ваквиот потег на фудбалерите на Лидс ќе овозможи 272 работници во клубот да продолжат да работат и покрај тоа што фудбалот е во мирување.

Намалувањето на платите на Алиоски и останатите фудбалери во Лидс ќе биде на неопределно време односно додека состојбата со коронавирусот не се стабилизира и клубот не почне да инкасира приходи како претходно.

Одлуката на фудбалерите на Лидс е за поздрав бидејќи има играчи од останатите клубови во светот кои имаат големи плати но одбиваат намалување. Еден од нив е и македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.