24фудбал

Шангај со овој потег го става Манчестер јунајтед во многу непријатна ситуација со Игало

Договорот на 30 годишниот Игало со Шангај истекува во 2022. година, од кинескиот клуб му нудат дополнителни две години со астрономска неделна плата,

Англија

Шангај Шенхуа му нуди двегодишен договор на својот напаѓач Одисон Игало, меѓутоа тоа не е се’, Нигериецот има понуда од неделна плата во висина од неверојатни 400,000 фунти.

Со овој потег на кинескиот клуб сега Манчестер јунајтед е во мошне непријатна ситуација со напаѓачот кој настапува за „Црвените ѓаволи“ на позајмица, а истата истекува на 31 мај.

Игало се покажа како одлично засилување за составот предводен од Оле Гунар Солшер, па на Островот извесен период известуваат дека Премиерлигашот ќе ја искористи опцијата да го откупи неговиот договор со Шангај.

Во една ваква ситуација, секако дека би се прашувал фудбалерот, кому иако актуелниот договор со Шангај му истекува во 2022. година, клубот повлече потег кој сигурно не им се допаѓа во Манчестер јунајтед.

Игало веќе посочи дека со настапите во дресот на Манчестер јунајтед ги остварил своите детски соништа да игра за клубот за кого навива, меѓутоа понудата од 400,000 фунти на неделна основа секако дека ќе го стават во позиција сериозно да размисли.

Најновите информации околу Игало доаѓаат како еден вид демант на пишувањата на „Мирор“ кој во текот на вчерашниот ден пренесе дека Манчестер јунајтед е близу договор со Шангај за трансфер на Игало, а наводно Нигериецот би потпишал едногодишен договор со опција за дополнителни 12 месеци, а трансферот би го чинел Премиерлигашот околу 15 милиони фунти.

Нешто порано од претходно наведениот медиум, „Сан“ пак пренесе дека Игало ќе „жртвува“ цели 6 милиони фунти, што е половина од неговата плата во договорот со Шангај, за да остане на „Олд Трафорд“.