24фудбал

Автогол на Шпанската федерација: На клубовите им понуди кредит од 500 милиони кој е невозможно да се земе?!

Луис Рубиалес и Хавиер Тебас влегоа во нова војна, претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија понуди кредит од 500 милиони евра за надминување на финансиската криза но првиот човек на Ла Лига порача дека решението кое се предлага е невозможно.

Шпанија

Топката не се тркала на фудбалските терени поради коронавирусот, па тоа им создава проблеми на клубовите. Приходите се стопирани, и тоа значи помали или никакви финансии за платите на фудбалерите, но и на уште неколку стотици други вработени.

Претседателот на Фудбалската федерација на Шпаннија, Луис Рубиалес на клубовите им понуди решение без да се избрзува со продолжување на сезоната, односно да биде подигне кредит од 500 милиони евра, за кој како гаранција ќе бидат ставени ТВ правата.

Но ова само придонесе за нова војна со првиот човек на Ла Лига. Хавиер Тебас веднаш му возврати дека решението кое го предлека е невозможно и му посочи со кој член од правилниот е забрането ова.

„Благодарност од ФФШ за понудата до Ла Лига за „кредит од 500 милиони евра за кој како гаранција ќе бидат ставени ТВ правата, но тоа е НЕВОЗМОЖНО. Прочитајте што пишува во клаузулата 1а од Кралскиот декрет 5/2015 за продажбата на ТВ права“ – гласеше пораката на Твитер.

Според оваа клаузула, ТВ правата можат да се користат како гаранција само за плаќање на долгови и обврски кон државата.