24фудбал

Фудбалер на Ајакс по речиси три години се разбуди од кома!

Голема вест пристигнува од Амстердам, талентираниот фудбалер на Ајакс, Абделхак Нури се разбуди од кома.

Останато

По две години и девет месеци, фудбалерот на Ајакс, Нури се разбуди од кома.

22-годишниот фудбалер колабрираше на теренот во јули 2017 година и оттогаш беше во кома со мали шанси дека ќе се разбуди.

Но сега тој е буден, спие, јаде, комуницира со знаци. Сега е дома кај семејството кое се грижи за него.

„Тој веќе не е во кома. Но уште лежи и е многу зависен од нас. Свесен е каде, знае дека е со неговото семејство“, потврди неговиот брат за холандските медиуми.

Тој се здоби со сериозни и трајни оштетувања на мозокот, на почетокот беше во вегетативна состојба и шансите за закрепнување беа сериозно мали. Па неговото будење некои го нарекоа и чудо.