24фудбал

Капитенот Пандев апелира: Седете дома, слушајте ги препораките

Бројни спортисти се приклучија кон иницијативата да се почитуваат препораките од институциите во битката со справувањето со пандемијата од коронавирусот, меѓу кои и капитенот на нашиот најсилен фудбалски состав, Горан Пандев.

Македонија

Капитенот на нашата најдобра фудбалска репрезентација Горан Пандев, се одзва на повикот во поглед на иницијативата „СедиДома“, па така тој јавно повика на одговорност кај сите, а воедно и дисциплина, додавајќи дека препораките мора да се почитуваат за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Секој треба да е одговорен, како према себе, така и спрема другите, затоа седи дома и слушај ги препораките, само со дисциплина и самодисциплина може да го спречиме ширењето на вирусот“ порача нашиот интернационалец од италијанскиот прволигаш Џенова.

Кога сме веќе кај нашиот капитен, тој на свои 36 години е вистински лидер во тимот на Џенова, каде актуелната сезона на 22 натпревари успеа да постигне 7 погодоци, а притоа да запише уште една асистенција зад своето име.

Горан Пандев ќе добие нов договор од Џенова

Договорот на Пандев со Џенова истекува претстојново лето, меѓутоа клубот наводно планира да ја продолжи соработката со него до идната година.