24фудбал

Дибала откри дека имал мака со коронавирусот: Едвај дишев, се заморував за 5 минути, ме болеше цело тело

Пауло Дибала вели дека сега се чувствува добро но пред неколку дена имал доста мака поради коронавирусот, брзо го губел здивот, се заморувал за 5 минути и го болело цело тело.

Италија

Напаѓачот беше третиот и последен фудбалер на Јувентус позитивен на Ковид 19. Од домашен карантин, преку Скајп за ТВ каналот на „старата дама“, тој откри дека сега се чувствува добро, но пред неколку дена му било прилично тешко.

„Се чувствувам многу подобро, но пред неколку дена ми беше многу тешко. Сега можам да се движам и да одработам мал тренинг. Пред неколку дена, едвај дишев, не можев да правам ништо по само пет минути, ме болеше цело тело и морав да одмарам. За среќа, јас и Оријана (неговата двојка, која исто така е заразена со коронавирус) сме многу подобро“ – вели Аргентинецот.