24фудбал

Пирс Морган му порача на Грилиш да се засрами, Реднап побара казна поради глупоста на фудбалерот (ВИДЕО)

Јавноста бара сериозни санкции за ѕвездата на Астон Вила, социјалните мрежи на Островот „вријат“, а познатиот презентер Пирс Морган јавно му порача на Грилиш да се засрами, со критики не се штедеше ниту Хари Реднап, кој важи за голем обожовател на играта на Грилиш.

Англија

Не така далечен е скандалот со ѕвездата на Лестер, Џејмс Медисон, кога поради настинка беше ослободен од репрезентативните обврски само неколку часа пред составот на „Гордиот Албион“ да отпатува за Чешка, за потоа да биде „уловен“ во казино, тамошните медиуми наведоа дека тој се коцка со својата кариера, а селекторот Герет Саутгејт не го криеше своето разочарување.

Денес јавноста на Островот е згрозена по скандалот кој го стори ѕвездата на Астон Вила, Џек Грилиш, фудбалер со голем талент за чии услуги Манчестер јунајтед води војна на трансфер пазарот, меѓутоа се чини дека фудбалер без карактер, а токму поради тоа на „Олд Трафорд“ ќе следи сериозна дискусија за тоа колку би бил паметен потег на клубот да го ангажира.

Како и да е, Грилиш се соочува со големи критики во тамошната јавност откако најпрво на социјалните мрежи повика граѓаните да седат во своите домови во периодов со пандемијата од коронавирусот, за изминатиов викенд да го помине во луксузен објект каде се забавувал, а скандалот да биде уште поголем, тој со својот автомобил удрил во други возила.

Читајќи ја сторијата утрово, познатиот Пирс Морган не се штедеше јавно да го искритикува фудбалерот на Астон Вила, презентерот тоа го стори на емисијата во која во живо го вклучи и Хари Реднап, познатиот фудбалски стратег кој важи за голем поддржувач на Грилиш.

Тој имаше многу што да каже изминатата седмица, себеше добро додека не отиде кај своите пријатели. Што си мислеше Џек? Што се случи со разумноста, воопшто не помага кога една ѕвезда на Англија, кој треба да биде пример за останатите, ги прекршува правилата, ова е толку себично од твоја страна, засрами се“ му порача Морган, а Реднап видно разочаран од својот омилен фудбалер.


Јас сум неговиот најголем навивач, секогаш кога говорам за него јасно посочувам дека тој треба да биде во националниот тим на Англија“ рече Редпан.


Да бев тренер на некој голем клуб, јас би го купил, но, за ова нема изговори, ова е голема глупост, не можам да поверувам дека го стори тоа, тој треба да биде казнет, тоа е сигурно“ додаде Реднап во својот коментар за скандалот.

Медиумите на Островот во екот на овој скандал воедно се потсетуваат и на зборовите на Грилиш во неговото видео обраќање на „Твитер“ каде тој има 290,000 следбеници.

Да помогнеме да спасиме животи ние мораме да останеме во своите домови, излегувајте од вашите домови само во случај да треба да купите храна, лекови или слични итни работи, секогаш запомнете дека треба да бидете најмалку два метри оддалечени, ова е итно, заштитете го медицинскиот персонал, останете дома, спасете нечиј живот“ рече Грилиш во своето обраќање.