24фудбал

Манчестер јунајтед се врати по потписот на Де Лихт

Во Премиерлигашот сметаат дека младиот Холанѓанец е перфектен профил во идеите и замислите на Оле Гунар Солшер, особено поради фактот што станува збор за доста млад фудбалер со голем потенцијал, меѓутоа истиот не го прикажа во дресот на Јувентус, барем не досега.

Англија

Многу полемики донесоа настапите на Матијс де Лихт во дресот на италијанскиот првак Јувентус по трансферот од Ајакс, многумина сметаат дека младиот Холанѓанец не ги исполни очекувањата.

Манчестер јунајтед беше во трката за потписот на Де Лихт, но, тој се реши за Јувентус, а сега „ЕСПН“ наведува дека Премиерлигашот ќе го реобнови интересот за Холанѓанецот, а воедно тимот од „Олд Трафорд“ ќе подготви и понуда во случај италијанскиот клуб да е подготвен за преговори.

Де Лихт го одби Манчестер јунајтед во периодот кога имаше голем интерес за неговите услуги, заинтересирани уште беа и Барселона, односно ПСЖ, но на крајот „Старата дама“ го доби неговиот потпис по трансферот вреден 75 милиони евра.

Меѓутоа, 20 годишниот фудбалер освен што имаше доста дискутабилна форма, постојано беше прекомандува од клупата за резерви во почетниот состав и обратно, стартувајќи на само 17 натпревари од можни 26 актуелнава сезона во „Серија А“.

Сега, извори за „ЕСПН“ откриваат дека Оле Гунар Солшер наводно пријавил желба во Манчестер јунајтед за клубот да го реобнови интересот за неговите услуги, а Холанѓанецот кој има неделна плата од 200,000 евра и важечки договор до 2024. година се гледа како перфектен профил за идеите на норвешкиот фудбалски стратег во клубот.