24фудбал

УЕФА го потврди одложувањето на мечот меѓу Македонија и Косово, суспендирани се и ЛШ и ЛЕ

Бараж натпреварите во Лигата на нации за пласман на Европското првенство нема да се играат во јуни како што беше предвидено, суспендирани се и мечевите во Лигата на шампионите и Лига Европа.

Македонија

На денешниот состанок на УЕФА со 55 нејзини членки беа донесени очекуваните одлуки.

Бараж натпреварите од Лигата на нации меѓу кои е и дуелот Македонија и Косово нема да се играат во јуни. Засега нема конкретен датум за кога се одложуваат овие мечеви, во зависност од ситуацијата со коронавирусот дополнително ќе биде одлучувано за следни термини.

Одложени се и сите други репрезентативни натпревари во машка и женска конкуренција.

Откажани се и сите клупски натпревари под капата на УЕФА, мечевите од Лигата на шампионите и Лига Европа за кои исто така дополнително ќе се утврдуваат термини.

УЕФА приоритет ќе им даде на домашните првенства во земјите, па во зависност од нивниот почеток ќе се бараат термини за другите натпреварувања.