24фудбал

Тевез: Ние фудбалерите можеме да живееме една година без плата, сакам да им помогнам на сиромашните!

Карлос Тевез ја прокоментира кризата со коронавирусот, вели дека фудбалерите можат да живеат без плата минимум шест месеци и додава дека сака да им помогне на сиромашните во овие тешки моменти.

Јужна Америка

Пандемијата на коронавирус го носи светот во економска криза, милини луѓе ширум светот остануваат без работа, или пак државите превземаат обврска да им исплаќаат минимални плати.

На ова не се имуни ниту фудбалските клубови кои бараат решение за вработените во администрацијата (ги има по неколку стотици во секој клуб). Во Германија, фудбалерите на неколку Бундеслигаши прифатија намалување на платата за да има пари за другите, тоа го сторија и уште неколку клубови ширум Европа, како Јувентус и Барселона, но најголемиот дел од фудбалерите се противат на ваквата мерка. Во Англија, Њукасл и Тотнем наместо да скратат од милионските плати на фудбалерите, удрија по џебот на обичните вработени.

Карлос Тевез сега даде свое мислење и вели дека фудбалерите се тие кои први треба да пружат помош зошто можат да живеат и до една година без никакви примања.

„Ние фудбалерите можеме да живееме без плата минимум шест мсеци, веројатно и една година без проблем. Не сме како оние кои стануваат во шест наутро и се враќаат во седум навечер за да обезбедат храна за своите семејства. Мораме и треба да помогнеме, дали тоа ќе биде преку јавните кујни или пак да пазариме за соседите и постарите лица од нашите маала. Лесно е да зборува од дома. Со задоволство ќе помогнам и се ставам на располагање, државата ќе помогне, но и ние треба да помогнеме. Знам како им е на сиромашните, сум го поминал тоа. Тие сега се изложени на најголем ризик. Важно е да бидеме обединети и солидарни во овие моменти, да им помогнеме на луѓето кои се најпогодени, потребни сме им“ – вели напаѓачот на Бока јуниорс.