24фудбал

Барселона му нуди двојно повисока плата на Лаутаро во однос на Интер

Се чини дека Барселона е во пол-позиција за потписот на аргентинскиот напаѓач во кого гледаат идеален наследник на Луис Суарез во нападот, прашање кое од поодамна го разгледуваат да го решат на подолг рок.

Шпанија

Шпанскиот весник „Спорт“ тврди дека Барселона му нуди двојно поголема плата на Лаутаро Мартинез во битката за неговиот потпис, а Интер е во неизвесна ситуација да го задржи во сопствените редови од причина што на лето има откупна клаузула во висина од 111 милиони евра, што се чини како примамлива сума за гигантите.

22 годишниот аргентински напаѓач има важечки договор со „Нероаѕурите“ до 2023. година, меѓутоа освен што е на мета кај гигантите, истовремено преговара и со Интер за можно подобрување на неговите услови, како и зголемување на откупната клаузула.

Според пишувањата на „Спорт“ пак, преговорите помеѓу Лаутаро и Интер не одат во позитивна насока, бидејќи Аргентинецот и неговиот агент им е јасна сериозната намера на гигантите да го ангажираат.

Барселона е помеѓу неколкуте фаворити за потписот на Мартинез, помеѓу Челси, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, особено што наводно го нудат и Артуро Видал и други фудбалери како дел од пакетот понуда за да се реализира трансферот.

Шпекулациите велат дека Интер на Лаутаро му нуди 4 милиони евра плата по сезона, меѓутоа во Барселона се подготвени да ја дуплираат таа сума.

Како и да е, како што стојат работите, се чини дека во Интер се свесни дека ја губат битката за да го задржат Лаутаро во сопствените редови, но истовремено се свесни дека би имале голема заработка од негова евентуална продажба, од причина што за неговите услуги на Расинг Клуб пред две години му исплатија 25 милиони евра.