24фудбал

Тотнем потврди, Сон е во Јужна Кореја да ја отслужи воената обврска

Тотнем потврди дека Хенг Ми Сон е во Јужна Кореја каде што треба да ја отслужи воената обврска.

Англија

„Клубот може да потврди дека Хеунг Мин Сон ќе ја отслужи воената обврска во Јужна Кореја овој месец. Напаѓачот кон крајот на март замина во својата земја и во моментов е во карантин. Нашиот медицински персонал постојано е во контакт со него со цел да ја прати рехабилитацијата по скршеницата на раката. Сон ќе се врато во Лондон по завршувањето на воената обврска во текот на мај“, стои во соопштението на Тотнем.

Поради тоа што триумфираше со Јужна Кореја во Азиското првенство, Сон како и неговите соиграчи од репрезентацијата се ослободени од целосен воен рок кој трае околу две години. Тој ќе отслужи само по скратена програма која трае околу еден месец.

Со оглед на фактот што сезоната е во прекин поради коронавирусот, се чини дека ова е идеалниот период за Сон да ја заврши обврската кон својата земја.