24фудбал

Добра вест од Турција, Рушту е пуштен од болница

Легендарниот турски голман, Речбер Рушту кој беше во болница со лоша состојба поради коронавирусот, сега е пуштен дома, тешкиот период е зад него.

Останато

Херојот на Турција кој беше еден од најзаслужните што Турција стигна до полуфиналето на Светското првенство во 2002 година, Речбер Рушту ја доби битката со коронавирусот.

Откако неговата состојба се влоши, тој десетина дена помина во болница, но сега е пуштен дома.

„Колку прекрасен ден, фала му на Бога. Мојот сопруг е пуштен по тешки 11 дена. Не сум потплно среќна бидејќи има многу пациенти во болниците кои во моментов се опоравуваат... ќе продолжам да се молам за сите тие кои се борат за живот под интензивна нега“, напиша сопругата на Рушту на социјалните мрежи.