24фудбал

Ибрахимовиќ ќе остане во Серија А, но можеби не во Милан?

Информациите од Италија велат дека Златан Ибрахимовиќ е решен да остане во Серија А без разлика дали ќе продолжи во Милан или не.

Италија

„Газета дело Спорт“ пишува дека Ибрахимовиќ не сака да ја заврши кариерата со незавршена сезона поради коронавирусот, планира да ја игра најмалку и наредната сезона.

Милан се обидува да ја продолжи соработката со Ибрахимовиќ бидејќи Швеѓанецот и покрај тоа што има 38 години имаше голем импакт врз тимот откако пристигна на Сан Сиро.

Извршниот директор на Милан, Иван Газидис ги намали платите на неколку играчи за време на сезоната и отпушти неколку играчи во јануари, но направи исклучок за Ибрахимовиќ и ги прифати сите негови барања.

Проблем може да биде потегот на Милан да го избрка Звонимир Бобан кој е пријател со Златан Ибрахимовиќ.

На Ибра не му се допадна тоа што се случи, таквата ситуација ја следат останатите италијански клубови и се подготвени да му понудат договор на искусниот фудбалер доколку тој не продолжи на Сан Сиро и следната сезона.