24фудбал

Вокер може да заборави на репрезентативниот дрес поради секс скандалот

29 годишниот фудбалер запиша 48 настапи за „Гордиот албион“, меѓутоа нема гол зад неговото име во националниот дрес, а како стојат работите, бројките во овој дел од неговата кариера се чини дека веќе се запечатени.

Англија

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кајл Вокер никогаш повеќе нема да биде повикан во националниот состав на Англија се додека на кормилото на „Гордиот Албион“ е Герет Саутгејт, објави „Дејли Стар“.

Сево ова доаѓа по скандалот кој го стори бекот кој во услови на ограничено движење во Англија и големи мерки на тамошните власти во битката со коронавирусот, имаше секс журка во својот дом со еден свој пријател, во друштво на две проститутки.

Вокер се извини, меѓутоа се соочува со огромна казна од клубот која изнесува цели 250,000 фунти поради прекршување на карантинот како мерка од тамошните власти, а „Дејли Стар“ тврди дека Саутгејт е посебно погоден од овој скандал на фудбалерот, за што 29 годишниот бек може да заборави на националниот дрес во иднина.

Како за потсетување, Вокер играше една доста клучна улога во репрезентацијата на Англија во пласманот во полуфиналето од последното Светско првенство кое се одигра во 2018. година.