24фудбал

Зе Роберто на 45 години тренира повеќе од некои активни фудбалери (ВИДЕО)

Поранешниот бразилски фудбалер, Зе Роберто има импресивно тело иако има 45 години. Тој постојано вежба и на социјалните мрежи објавува видеа од неговите тренинзи.

Јужна Америка

Зе Роберто престана да игра фудбал пред три години, во 2017 се пензионираше како играч на Палмеирас. Во својата кариера во Европа тој играше за Реал Мадрид, Баер Леверкузен, Баерн Минхен и Хамбургер.

Повеќето фудбалери откако ќе се пензионираат престануваат со тренирање со висок интензитет, но тоа не е случај и со Зе Роберто.

Во јули ќе наполни 46 години но има неверојатно тело благодарение на постојаните тренинзи кои ги објавува на својот инстаграм профил.