24фудбал

ПСЖ подготвува нов договор за Нејмар со поголема плата

Во ПСЖ со овој потег сакаат да стават крај на сите шпекулации кои Бразилецот го поврзуваат со враќање во Барселона, па на повидок е нов потпис на Нејмар на договор со францускиот првак.

Франција

Францускиот првак ПСЖ ќе му понуди нов договор на Нејмар вреден фантастични 38 милиони евра по сезона, а истиот би имал важност до 2025. година, Бразилецот според тој договор би заработувал над три милиони евра на месечна основа.

Според известувањата на „Диарио Спорт“, се вели дека спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо сака да стави крај на сите шпекулации кои неговиот сонародник го поврзуваат со враќање во редовите на Барселона, од каде дојде во француската престолнина.

Новиот договор би го донел Бразилецот поблиску од било кога до двајцата фудбалери во светот кои заработуваат повеќе од него, Лионел Меси од Барселона, односно Кристијано Роналдо од Јувентус.

Актуелниот договор на Нејмар со ПСЖ истекува во 2022. година, а според истиот 28 годишниот фудбалер заработува околу 2,7 милиони евра од сезона.