24фудбал

ПСЖ не го продава Мбапе и по цена да го загуби бесплатно во 2022

ПСЖ сака Мбапе да потпише нов договор, а француската ѕвезда има желба да заигра во поголем клуб, сериозно заинтересиран за него е Реал Мадрид.

Франција

Реал Мадрид се надева дека во 2021 година ќе може да го купи Мбапе, тогаш на напаѓачот ќе му остане уште една година од актуелниот договор кој му трае до 2022 и ПСЖ ако не сака тој да си замине како слободен играч ќе мора да го продаде.

Но, информациите на „АС“ велат дека ПСЖ е подготвен и на таа варијанта, не сакаат да слушнат за продавање на Мбапе па и по цена тој бесплатно да си замине во 2022 година.

Тие сметаат дека ако го продадат Мбапе ќе покажат слабост, ќе покажат дека фудбалерот може да си замине кога ќе посака и дека тој, а не тие го имаат последниот збор.

ПСЖ верува дека со еден таков потег ќе направи и притисок врз Мбапе да стави потпис на нов договор.

Сепак фудбалерот сака да игра во некој од европските гиганти и во шампионат кој е многу погледа отколку француската Лига 1.

Реал Мадрид е најголем кандидат за потписот на Мбапе, тие сакаат да го ангажираат во летото 2021, се надеваат дека и самиот фудбалер ќе направи притисок за заминување.

На ПСЖ не му се важни парите, сонот на газдата е да ја освои Лигата на шампионите, поради тоа досега и немаат продадено фудбалер кој сметаат дека е важна алка во тимот.