24фудбал

Директорот на Фиорентина: Коронавирусот е подмолен... дома ги заразив сите, сватовите 30 дена беа во болница

Спортскиот директор на Фиорентина, Даниеле Праде го раскажа своето искуство со коронавирусот, вели дека најлошо е кога гледате како поради вас се разболуваат и сите други во семејството.

Италија

Фиорентина беше еден од најпогодените клубови во Серија од Ковид 19, „виолетовите“ дури едно време престанаа да кажуваат кој се е заразен.

Медиумите од Италија синоќа открија дека коронавирус имал и спортскиот директор Даниеле Праде, кој сега го раскажа своето искуство.

„На своја кожа го осетив Ковид 19. Го донесов вирусот дома, заразив 9 членови на моето семејство. Ја заразив сопругата, ќерката, сватовите, внуците... Најлошо поминаа сватовите, ме преплашија. 30 дена беа во болница, за среќа беа во Спаланцани, една од најдобрите клиники во светот кога е во прашање коронавирусот“ - вели Праде.

„Овој вирус е подмолен, право копиле. Не можете да станете од кревет, имате висока температура, се потите, кашлате, диареја... И особено сте исплашени кога ги гледате саканите како се разболуваат, како доаѓа брза помош да ги земе и да ги носи во болница“.

„За среќа сите се опоравивме и јас ќе бидам гласноговорник на мерките кои треба да ги превземеме за да спречиме ширење на заразата“.