24фудбал

Девет случаи на коронавирус во Бешикташ

Турците изготвија протокол според кој фудбалските возбудувања продолжуваат близу средината на идниот месец, меѓутоа нема дилеми дека ќе има одредени компликации околу планот.

Останато

Турскиот прволигаш Бешикташ потврди дека претседателот на тој клуб, како и други осум случаи се позитивни на тестирањето на коронавирус во самиот клуб.

Пандемијата од коронавирусот и натаму продолжува да задава силен удар на фудбалот ширум светот, со тоа што многу клубови се соочуваат со случаи на Ковид-19.

Бешикташ преку две соопштенија ја извести јавноста дека нивниот претседател Ахмет Нур Чеби е заболен, а дополнителните тестирања во самиот клуб потврдиле дополнителни осум случаи.

Турската „Суперлига“ е предвидено да продолжи на 12. јуни, а Бешикташ отиде во карантин, поради протоколот во тоа првенство во пресрет на продолжувањето на актуелната сезона.