24фудбал

ПСЖ се плаши да не го загуби Мбапе, па се вклучува во трката за Халанд

Реал Мадрид и ПСЖ ќе бидат ривали на трансфер пазарот и за напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.

Франција

„Марка“ пишува дека ПСЖ се приклучува во трката по Халанд за кој сериозен интерес има од Реал Мадрид.

ПСЖ стравува дека може да го загуби Мбапе кој има уште две години од актуелниот договор но се уште не ја обновил соработката. Се верува дека негова желба е да замине во Реал Мадрид и да се проба во посилна лига од француската.

Дополнитело најавено е заминување на Икради и Кавани, па логично е ПСЖ да тргне по напаѓач. Во нивниот бележник прв на листата е Халанд.

По трансферот во Борусија Дортмунд, Халанд само го потврди неговиот голем талент. Тој постигна гол и на првиот меч по продолжението од Бундеслигата против Шалке.

Реал Мадрид голема желба има да го ангажира Мбапе, но во престојниот летен преоден рок се чини дека Халанд ќе им биде пореална цел. Сепак вклучувањето на ПСЖ во трката по овој напаѓач може дополнително да ја зголеми неговата цена.