24фудбал

Луис Суарез го советува Лаутаро Мартинез: Да сум на твое место ќе ја одбијам Барса и ќе останам во Интер

Поранешниот играч на Барселона и Интер, Луис Суарез Мирамонтес смета дека Лаутаро Мартинез треба да продолжи на Џузепе Меаца, но е свесен дека Аргентинецот тешко ќе може да каже НЕ доколку добие повик од Лео Меси.

Италија

Се верува дека Лаутаро Мартинез е топ трансфер цел на Барселона, напаѓачот има откупна клаузула од 111 милиони евра, но поради пандемијата на коронавирус и економската криза, „каталонците“ се обидуваат да вметнат неколку играчи во зделката и да пронајдат формула во која ќе одвојат што помалку кеш.

Поранешниот фудбалер на Барселона и Интер, Луис Суарез Мирамонтес го советува Аргентинецот да продолжи на Џузепе Меаца. Тој сепак признава дека ќе биде многу тешко напаѓачот да каже НЕ доколку добие повик од Лео Меси.

„Да одлучи дали да остане или да замине, не е лесно. Доколку бев на негово место, немаше да ја променам средината. Сепак, доколку ви се јави Лео Меси, ќе биде многу тешко да кажете НЕ“ – вели Шпанецот, кој беше дел од славната генерација на „нероаѕурите“ која две години по ред владееше во Европа во 1964 и 1965.

„Да бидеме искрени, во Барса нема да може да се истакне како во Интер. Сакам да му дадам совет, „Остани таму каде што си“. Млад е, има време кога може да направи исчекор напред и да прифати нов предизвик“.