24фудбал

Клоп, Солшер и останатите имаа што да гледаат, Хаверц брилијантен, Санчо испиша историја, Хакими блескаше (ВИДЕО)

Баер Леверкузен предводен од Каи Хаверц триумфираше на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах со 1-3, Борусија Дортмунд немаше многу мака против Волфзбург, славеше со 0-2 и прокнижи нови три бода.

Германија

Фудбалот во најголемиот дел од Европа мирува, па сите очи се вперени кон Германија, каде се игра второто коло од ре-стартот на сезоната. Младите фудбалери кои се мета на многу гиганти успеаја да покажат зошто се барани.

Каи Хаверц, кој е желба на Ливерпул, Манчестер јунајтед, Манчестер Сити, Тотнем, Челси, Барса и ПСЖ, беше брилијантен против Борусија Менхенгладбах и со два гола го предводеше Баер Леверкузен до триумф од 1-3.

На мечот помеѓу Волфзбург и Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо испиша историја и стана првиот играч на „милионерите“ кој забележал 16 асистенции во Бундеслигата (од сезоната 2004/05 кога Опта води ваква стастика). Англичанецот исто така е следен од Ливерпул, Манчестер јунајтед и останатите погореспоменати клубови.

Покрај Санчо, на теренот блескаше и Ашраф Хакими со продори по десната страна и гол во победата од 0-2. Десниот бек е во сопственост на Реал Мадрид, но има многу клубови кои се подготвени да тргнат во офанзива доколку за него нема место на Бернабеу

На останатите натпревари од 15:30 часот, Падербон и Хофенхајм одиграа 1-1, а Вердер Бремен освои три големи бода на гостувањето кај Фрајбург со триумф од 0-1.