24фудбал

Геце беше желба на Бобан, се уште може да дојде во Милан, но под еден услов

Марио Геце си заминува од Борусија Дортмунд по крајот на сезоната, Милан подготвува понуда за Германецот.

Италија

Марио Геце се поврзува со Милан откако Звонимир Бобан стана директор минатото лето, но работите во меѓувреме се променија и Хрватот беше избркан од клубот.

Сепак Милан не го загуби интересот и Геце уште е мета на росонерите. „Калчомеркато“ пишува дека Рангник кој следната сезона треба да биде тренер на Милан одобрил ангажман на германскиот фудбалер.

Но за Геце да дојде во Милан треба да прифати големо намалување на неговата плата. Тој сега во Дортмунд заработува 8 милиони евра годишно, сума која не може да си ја дозволи италијанскиот клуб.

Милан ќе му понуди многу помал договор, сума од 2,5 до 3,5 милиони евра. 

Геце е свесен дека во следниот клуб ќе добива помала плата, но дали ќе биде убеден да го одбере Милан, останува да видиме. Интерес за неговите услуги ќе има и од други клубови бидејќи тој станува слободен играч.