24фудбал

Ибра повторно замина во Шведска, кога ќе се враќа во Милано пак ќе оди во карантин

Златан Ибрахимовиќ денеска повторно одлетал на третман во Шведска каде што се очекува да престојува една недела.

Италија

Ибрахимовиќ се повреди на тренинг на Милан и поради тоа ќе биде еден месец надвор од терените.

„Скај Спорт Италија“ вели дека напаѓачот денеска бил во Миланело каде што имал сесија со физиотерапевтите по што си зимал и со својот приватен авион се вратил во Шведска каде што ќе добие неколкудневен третман за повредата.

Тој добил дозвола од клубот да се врати во Шведска каде што би требало да престојува една недела.

Кога ќе се врати во Милано повторно ќе оди 14 дена во карантин, па ќе му биде направен двоен тест за да може да се врати на тренинг.

Сите овие денови му се пресметани во паузата која секако ќе ја има поради повредата.