24фудбал

Интер е дециден: Има само еден начин Лаутаро да се пресели во Барселона

Интер потврди дека Барселона е заинтересирана за Лаутаро Мартинез, но можат да го добијат само ако ја платат откупната клаузула.

Италија

Во договорот со Интер, Лаутаро има откупна клаузула од 111 милиони евра, но таа е активна само неколку недели, трае до почетокот на јули и мора да биде платена наеднаш.

Барселона силно се поврзува со Аргентинецот, но директорот на Интер, Пјеро Аусилио вели дека тие немаат намера да го продадат фудбалерот, па тој може да замине само ако некој ја плати откупната клаузула. Тоа е единствениот начин.

„Реалната ситуација со Лаутаро Мартинез е дека има само еден начин тој да замине од Интер, а тоа е да се плати откупната клаузула“, вели директорот на Интер, Пјеро Аусилио за „Скај Спорт Италија“.

„Тоа е клаузула за која сите знаат, нема криење. Тоа е тешка клаузула бидејќи има точен рок и многу прецизни барања“.

„Како прв клаузулата истекува рано во јули, па не трае уште многу. Тоа е единствениот начин во моментов да не го видиме Лаутаро Мартинез во Интер следната сезона“.

„Не преговараме за Лаутаро со никој бидејќи јасно е дека ние сметаме на него, тој е значаен играч за нашиот клуб и има уште две години од договорот“.

„Немаме намера да ги продаваме нашите најдобри фудбалери, туку напротив, сакаме да се засилиме на пазарот“.

„Повеќе клубови не контактираа за Лаутаро. Најпосветена во тоа е Барселона. Имаме пријателски однос со нив. Не сме разговарале многу со нив, Барселона знае кои се нашите намери. Интер нема намера да го продаде Лаутаро. Има клаузула и тоа е единствен начин тој да замине. Мислам дека бев јасен“.