24фудбал

ЛШ ќе заврши со фајнл-фор кој нема да се игра во Истанбул, УЕФА има на ум друга локација?

УЕФА наводно планира сезоната од Лигата на шампионите да ја заврши со фајнл-фор кој ќе се игра во Германија наместо Турција.

Лига на Шампиони

Истанбул требаше да биде домаќин на финалето од Лигата на шампионите, но информациите до кои дојдоа некои медиуми велат дека тоа нема да се случи.

„Скај Спорт Италија“ објавува дека УЕФА сака Лигата на шампионите да продолжи на 7 и 8 август со осминафиналните мечеви кои не се доиграа.

Во четвртфиналето би се играло по еден меч наместо два, тие средби би биле на програмата на 13 и 14 август.

А полуфиналето и финалето би се играле на фајнл-фор турнир во Германија.

УЕФА се уште официјално нема објавено детали како и кога планира да се доиграат Лигата на шампионите и Лига Европа.