24фудбал

Одегард во пакет со Јовиќ за посилен Милан

Норвежанецот за момент ги демантираше оние кои се сомневаат во неговиот потенцијал со седум погодоци и осум асистенции сезонава на 28 одиграни натпревари за Реал Сосиедад, па повторно го привлече вниманието на јавноста.

Италија

Фудбалерот на Реал Мадрид, Мартин Одегард, е желба на италијанскиот прволигаш Милан за ова лето, пишува „Тутоспорт“, а за офанзивецот би се разговарало во екот на преговорите за Лука Јовиќ, кој исто е на радарот на „Росонерите“ за идната сезона.

Младиот 21 годишен Норвежанец е на позајмица во составот на Реал Сосиедад, а иако истата истекува летово, според договорот помеѓу обата клуба би можела да биде продолжена на дополнителни 12 месеци.

Како и да е, Реал Мадрид пак, има и дополнителна опција која овозможува да го врати назад во својот тим Одегард, што би било олеснителна околност за Милан во случај да е сериозен во намерата да го ангажира, а од Реал Сосиедад посакуваат да го задржат барем уште една година во своите редови.

Оптимист сум во однос на тоа што Одегард го прикажува во дресот на овој клуб, постои договор, но сега би требало да го оставиме на мира, за сам да ја докаже својата вредност, а воедно и да донесе своја одлука за тоа како понатаму, јас лично имам доверба во него“ изјави спортскиот директор на Реал Сосиедад, Роберто Олабе.

„Тутоспорт“ наведува дека Одегард би го чинел Милан околу 40 милиони евра, а не се исклучува можноста италијанскиот прволигаш првично да преговара за позајмица со опција за целосен откуп на неговиот договор.

Реалациите помеѓу Реал Мадрид и Милан се одлични, особено по договорот за трансфер на Тео Ернандез ланското лето.