24фудбал

Голема болка и тага за Гатузо, почина неговата сестра на 37 годишна возраст

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо добил лоши вести за време на денешниот тренинг, починала неговата 37 годишна сестра која со месеци лежела на интензивна нега.

Италија

Голема болка и тага за Џенаро Гатузо, утрово починала неговата сестра. Како што пренесуваат медиумите од Италија, 37 годишната Франческа била хоспитализирана во февруари и била итно оперирана.

Со месеци лежела на интензивна нега во болница и за жал не успеала да се опорави. Тренерот на Наполи трагичната вест ја дознал додека го водел тренингот на Наполи во Кастел Волтурно.

Од таборот на Наполи веднаш му изразија сочувство, а истото го стори и Милан, каде популарниот Рино е легенда.