24фудбал

Како било на „Ел класико“ во време на Мурињо: Многу тензиично, играчите не сакаа ниту да се погледнат!

Судијата Едуардо Итуралде Гонзалез потврди дека односот помеѓу шпанските репрезентативци од Реал Мадрид и Барселона бил заострен кога Жозе Мурињо седел на кормилото на „кралевите“, играчите не сакале ниту да се погледнат.

Шпанија

Атмосферата на 'Ел Класико' секогаш е наелектризирана, но приказната беше посебна во времето на Жозе Мурињо на кормилото на Реал Мадрид. Португалецот дури успеа да направи раздор во „црвената фурија“ и да ги скара шпанските репрезентативци од Реал Мадрид и Барселона.

Легендарниот судија Едуардо Итуралде Гонзалез, кој 17 години ја делеше правдата во Ла Лига, вели дека односот бил заострен до тој степен што фудбалерите не сакале ниту да се погледнат.

„Беше многу тензично. Претходно, пред почетокот на натпреварите, играчите ќе се поздравеа, ќе се прегрнеа. Во времето на Мурињо, тие не сакаа ниту да се погледнат“ - открива поранешниот судија.

Тој исто така раскажа интересна приказна од првото „Ел класико“ на Жозе Мурињо, кога Барса го понижи Реал со 5-0.

„Мурињо сакаше да ме контролира, кога подметнувате пожари, постојано го правите тоа, не можете да подметнувате пожари и потоа да седите мирни 90 минути. Ако сте петел, секогаш сте петел“.

„По крајот на натпреварот дојде да ми честита, а јас го фатив за рамото и му реков, „Погреши за една работа, тука има само еден петел, но тоа не си ти, тоа сум јас“. Секогаш сум имал добар однос со Жозе, ќе направеше циркус и театар, но знаев како да го контролирам и да се справам со неговите протести“.