24фудбал

ПСЖ нема да дозволи Барса да формира убиствено трио, Меси - Нејмар - Лаутаро?

ПСЖ одреди виско обесштетување за Нејмар кое Барселона нема да може да го плати, особено не во време на коронавирус.

Шпанија

Барселона има желба да направи моќен напад со тоа што ќе ги ангажира Лаутаро Мартинез од Интер и Нејмар од ПСЖ кои треба да му прават друштво во офанзивата на Меси.

Меси ги посакува неговиот сонародник Лаутаро и пријателот Нејмар, но се чини дека само половина желба ќе му се оствари.

Ангажманот на Лаутаро Мартинез е реален иако се уште е неизвесно дали Барса ќе постигне договор со Интер доколку не ја активираат откупната клаузула од 111 милиони евра.

Но проблем ќе биде ангажманот на Нејмар, според каталонски „Спорт“, ПСЖ не сака ни да слушне за продажба на Нејмар под 175 милиони евра во кеш.

Францускиот клуб е дециден дека нема да прифати ниту помала сума од таа, ниту фудбалери во обратен правец кои би го намалиле обесштетувањето.

Со ваквиот став ПСЖ ќе застане на патот на Барселона да го направи тоа убиствено трио во нападот.