24фудбал

Ајнтрахт му даде три гола на Вердер во Бремен, резервистот Илсанкер беше ѕвезда на мечот (ВИДЕО)

Ајнтрахт Франкфурт со победа од 3-0 си замина од Бремен, Вердер ќе води жестока борба за опстанок до крајот од сезоната.

Германија

Натпреварот долго време се играше со почетниот резултат, Вердер пропушти неколку шанси за гол. Резултатот беше отворен по 15 минути игра во второто полувреме кога Силва погоди со глава за водство од 1-0.

Во 80. минута во игра влезе дефанзивецот Илсанкер кој постигна гол со првиот допир на топката за водство од 2-0. Тоа беше негов прв гол во Бундеслигата иако пет сезони игра во најдобрата германска лига.

Пред самиот крај на мечот Илсанкер даде уште еден гол за конечни 3-0.

Претходно немаше дадено ниту еден погодок, овој пат со два гола му овозможи убедлива победа на својот тим.