24фудбал

Сон раскажува како си поминал во војска

Сон Хеунг Мин вели дека во војска му било напорно но убаво, стекнал нови пријатели со кои поминал фантастичен период.

Англија

Ѕвездата на Тотнем, Сон имаше тежок период, најпрво се рехабилитираше од повреда, а потоа замина на задолжителна воена обука во Јужна Кореја. На патот дотаму и назад требаше да седи и во карантин поради коронавирусот. Но сето ова веќе е зад него.

„Тоа беше три многу зафатени месеци. А за време на воената обука не знам луѓето кои беа со мене како се чувствуваа, но за мене тие три недели беа многу долги, но беше добро искуство“, вели Сон.

„Не можам да кажам се што правев но навистина уживав во тоа. Момците таму беа многу добри. Периодот беше тежок, но се трудев да уживам“.

„Првиот ден кога уште не се знаевме меѓусебе беше малку чудно, но наскоро се запознавме. Секој ден го поминувавме заедно во една соба, 10 луѓе бевме и многу се зближивме, работевме заедно, си помагавме заедно, беше фантастично“.

Сега комплетно е фокусиран на Тотнем и на тренинзите. Вели дека сите се мотивирани пред продолжението на сезоната.

„Сега физички сум добар. Работам навистина, навистина напорно, тренирам на максимално ниво“.

„Сега можеме да тренираме заедно, тренираме повеќе отколку минатите две недели и другите играчи се вратија, Сисоко, Кејн, Бергвајн, сите сакаат да играат, сите сме мотивирани“.