24фудбал

Дудек се присети на денот кога сакал да му го скрши носот на Рафа Бенитез: Едно ѓаволче ми шепна...

Јиржи Дудек во разговор со ФорФорТу се присети на една епизода со Рафа Бенитез од пред 15 години, Полјакот сакал да му удри бокс на тренерот за да издејствува трансфер во Келн.

Англија

Јиржи Дудек беше еден од хероиите на Ливерпул во Истанбул, имаше клучна дојна одбрана во продолженијата и спречи Шевченко да донесе славје, а потоа одбрани два пенали и помогна „црвените“ со магичен пресврт да стигнат до трофејот од Лигата на шампиони.

Но само неколку месеци подоцна на Енфилд пристигна Пепе Рејна, и Шпанецот беше изборот на Рафа Бенитез за прв голман. Ова било причина за конфротација, Јиржи Дудек побарал да биде продаден, не добил дозвола, па малку фалелео да настане физичка пресметка.

„Пепе беше одлично момче, но Бенитез купи нов голман во период кога се чувствував дека се наоѓам во врвот од кариерата. Му кажав на Рафа дека доаѓа Светско првенство (2006) и дека морам да играм“ - раскажува Јиржи Дудек во разговор со ФорФорТу.

„Келн пројави сериозен интерес, но на два дена пред крајот на преодниот рок, тие ми се јавија: „Зошто Рафа одбива да разговара со нас?“ Бев изненаден, требаше се да биде договорено“. 

„Следниот ден, само што заврши тренингот му се пуштив а тој се правдаше, „Ни понудија само позајмица, а ти си премногу важен за нас. Сакаат да платат само 800.000 фунти, и што ќе правам ако се повреди Рејна? Не можам да ги ставам тие 800.000 фунти во куфер и да ги ставам помеѓу стативите!“ Потоа низ глава ми помина една луда мисла, „А да му удрам еден бокс во лице?“ Едно ѓаволче ми шепкаше дека ако му го скршам носот, ќе ме продадат на Келн“.

Јирже Дудек остана на Енфилд уште две додатни години, во кои одигра само 12 натпревари. Потоа се пресели во Реал Мадрид, каде исто така беше резерва.