Категорија: Галерија 04.06.2020 19:55
20 годишниот Каи Хаверц важи за еден од најперспективните фудбалери во Европа, па е желба на сите гиганти. Неодамна се пишуваше дека Манчестер јунајтед е фаворит за потписот на Германецот, „ѓаволите“ се подготвени да платат околу 50 милиони фунти (55 милиони евра).
Сепак, Баер Леверкузен бара речиси двојно, односно 100 милиони евра, и нема да даде попуст поради пандемијата на коронавирус.
„Шпекулациите кружат повеќе од една година. Ние сме спокојни, тој тука се чувствува комфорно и има договор до 2020. Знаеме дека Каи еден ден ќе се пресели во клуб од светска класа, но се надеваме дека ќе можеме да сметаме на него и следната година“ - вели спортскиот директор Руди Фелер.
„Точно е дека цената на многу фудбалери е падната во последно време, но уметници како Хаверц чинат исто и пред и по коронавирус“.