24фудбал

Роналдо од Инстаграм годишно заработува повеќе од 50 милиони долари, уште тројца фудбалери се во топ пет

Кристијано Роналдо е спортистот со најголема заработка од Инстаграм, во топ пет има со најголеми приходи од оваа социјална мрежа дури четворица се фудбалери.

Останато

Ривалството меѓу Роналдо и Меси е пресликано и со заработката на Инстаграм, Португалецот тука го држи првото место, ѕвездата на Барса е втор.

Роналдо има дури 222 милиони следачи на својот инстаграм профил, па брендот кој сака преку Португалецот да се изрекламира треба богато да плати. Тој е највлијателниот меѓу спортистите.

Кристијано Роналдо за една година заработил 50.3 милиони долари, за тој имал 43 спонзорирани постови, во просек еден таков пост го наплатил за 1,17 милиони долари.

Втор е Лео Меси со заработка од 30,4 милиони долари, после двајцата фудбалери доаѓа крикет играч, Вират Кохли од Индија со речиси двојна помала заработка од таа на Аргентинецот.

Листата од топ пет спортисти со најголема заработка од инстаграм ја комплетираат Дејвид Бекам и Нејмар.