24фудбал

„Тутоспорт“ во контроверзна одбрана на Гасперини, тврди дека се заразил во Валенсија?

Мечот помеѓу Аталанта и Валенсија првично беше опишан како „биолошка бомба“, а изјавата на Гасперини дека имал симптоми донесе низа контроверзни обвинувања, по што се бара одговорност од Италијанецот за причините зошто не пријавил симптоми.

Италија

Италијанскиот весник „Тутоспорт“ застана во одбрана на шефот на стручниот штаб на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, обидувајќи се да сугестира дека тој се заразил со Ковид-19 во текот на неговиот престој во Валенсија во реванш пресметката од осминафиналето од Лигата на шампионите на 10. март.

Аталанта најнапред славеше на гости кај Валенсија со 3-4, за дома да биде убедлива, па со победата од 4-1 девет дена подоцна да прогресира во четвртиналето, а по тестирањето пред две седмици е утврдено дека Гасперини има антитела на коронавирус.

Меѓу другото, самиот Гасперини во изјава за „Газета дело Спорт“ наведе дека пред мечот со Валенсија не се чувствувал добро, тоа му се случило на 10. март, по што наредните две ноќи не успеал да заспие.

Од Валенсија излегоа со серија критики кон искусниот италијански фудбалски стратег, од таму побараа дури и истрага од страна на УЕФА за тоа зошто Гасперини не информирал дека има одредени симптоми кога зачекорил на „Месталја“.

Како и да е, од „Тутоспорт“ сега се обидуваат да докажат дека Гасперини се заразил со коронавирус во текот на својот престој во Шпанија, а италијанскиот весник го наведува и фактот што дури десет членови на клубот биле позитивни на тестирањето за Ковид-19 на 16. март.

Коронавирусот носи зараза по 5 до 14 денови, па така „Тутоспорт“ тврди дека првично проблемот бил во Валенсија, а не во Аталанта, иако ова тврдење секако е помалку дискутабилно.