24фудбал

Навивачите на Бенфика бесни го нападнаа автобусот на својот тим, двајца фудбалери завршиле во болница

Бенфика синоќа одигра само 0-0 против Тондела, изданието на фудбалерите ги разгневи навивачите на овој тим кои го нападнаа автобусот после мечот, двајца од играчите завршиле во болница.

Останато

Порто во средата загуби од Фамаликао, па Бенфика со победа над Тондела ќе му избегаше бодовно на врвот на табелата. Сега и двата тима имаат по 60 бодови.

Тондела се тим кој е во долниот дел на табелата, но Бенфика не успеа да им даде гол, натпреварот заврши 0-0.

Навивачите гневни на изданието на своите фудбалери се собрале пред стадионот и го нападнале автобусот со кои се превезувале играчите. 

Според португалските медиуми, двајца од фудбалерите биле повредени и префрлени во болница, Јулијан Веигл и Андрија Живковиќ.

Голема е пасијата за фудбал во Лисабон, слични проблеми со навивачите има и Спортинг, па ваквите напади кон своите фудбалери не се нешто ново во Португалија.