24фудбал

Адеми го предводеше Динамо до победа од 1-3 над Вараждин (ВИДЕО)

Аријан Адеми постигна гол и изнуди пенал во триумфот на Динамо Загреб од 1-3 на гостувањето кај Вараждин, „модрите“ сега имаат +20 на врвот на табелата.

Македонија

Овој викенд продолжија возбудувањата во првенството на Хрватска, а Динамо Загреб продолжи онаму каде што запре пред два ипол месеци.

Вечерва, македонскиот репрезентативец Аријан Адеми ги предводеше „модрите“ до триумф од 1-3 на гостувањето кај Вараждин.

Фудбалерот од средниот ред најпрво го отвори резултатот во 13. минута, а пет минути подоцна изнуди пенал кој Петковиќ го реализираше за 0-2.

Вараждин успеа да намали на 1-2 во финишот на мечот со голот на Обрегон, но домаќините немаа сила за уште еден погодок, па во 94. минута Марин ја запечати победата.

Со новите три бода, Динамо Загреб сега има +20 бода на врвот на табелата во однос на Хајдук.