24фудбал

Додека чека договор од 10 милиони евра годишно, Кавани дома стриже овци (ВИДЕО)

Единсон Кавани ова лето треба да одбере нов клуб и да добие плата од 10 милиони евра годишно, но во меѓувреме ужива во родното Салто во Уругвај и помага во извршување на секојдневните обврски.

Останато

Напаѓачот наскоро ќе стави крај на авантурата во ПСЖ, па со оглед на тоа дека заминува како слободен играч, од новиот клуб бара плата од 10 милиони евра годишно. Неговото име често се поврзува со Атлетико Мадрид, а се споменува и како опција на Интер за замена на Лаутаро Мартинез.

И додека чека да биде разрешена неговата иднина, Единсон Кавани карантинот го поминува во родното Салто во Уругвај и помага во извршување на секојдневните обврски.

Пред неколку дена беше објавено видео од голгетерот како со срп коси трева, а сега се појави и видео на кое Единсон Кавани стрижи овци.