24фудбал

Модриќ: Мбапе треба да го напушти ПСЖ за да доминира во светот на фудбалот

Лука Модриќ смета дека Килијан Мбапе мора да го промени првенството во кое игра за да може да доминира во фудбалскиот свет.

Франција

Лука Модриќ е единствениот фудбалер кој ја разби монотонијата во доделувањето на Златната топка која вообичаено ја добиваа Роналдо и Меси. Мбапе се смета за еден од играчите кои можат да бидат најдобри во светот, но според Хрватот тој мора да оди во друго првенство.

„Мбапе има се за да доминира на сцената. Но мислам дека за да направи скок во квалитетот треба да оди во првенство каде неговиот тим нема така лесно да ја освојува титулата“, вели Модриќ.

Иако во септември полни 35 години, Модриќ оваа сезона за Реал Мадрид има одиграно 35 меча, постигнато пет гола и креирано пет асистенции. Тој сака да ја заврши кариерата во кралскиот клуб.

„Сигурен сум дека можам да играм на високо ниво уште две години, а потоа ќе видиме. Би сакал да ја завршам кариерата во Реал Мадрид, но тоа зависи и од клубот“.