Категорија: Германија 16.06.2020 22:39
Баерн Минхен се радува на титулата број 30, вечерва избраниците на Ханси Флик триумфираа со 0-1 на гостуваето кај Вердер Бремен и на две кола до крајот математички го обезбедија шампионскиот пехар.
Клучниот момент се случи на крајот од првиот дел, Роберт Левандовски успешно избегна една офсајд стапица и ја затресе мрежата на домаќините.
Со новиот успех, Баерн изедначи постигнување на Јувентус, и стана вториот клуб од топ 5 првенствата во Европа со осум титули во низа.