Категорија: Германија 17.06.2020 22:39
„Милионерите“ немaа за што да играат откако Баерн Минхен синоќа стигна до нова титула во Бундеслигата, па Маинц вечера триумфираше во Дортмунд со 0-2 и освои три големи бода со кои веројатно си го обезбеди статусот во елитата за следната сезона.
Букард погоди за 0-1 во 33. минута од мечот, а на стартот од вториот дел, Матета од пенал донесе нова радост и 0-2.
Драгоцен бод освои и Фортуна Дизелдорф со два гола за пет минути во финишот од натпреварот. Кампел погоди по еден час игра за предност на РБ Лајпциг од 1-0, а три минути подоцна Вернер зголеми на 2-0,
И кога сите мислеа дека „биковите“ ќе триумфираат, Скрибски ги врати гостите во игра во 87. минута, а во судиското надополнување, Хофман реализираше за 2-2. Со овој бод, Фортуна сега е на +1 во однос на Вердер Бремен во битката за позицијата која носи бараж за опстанок.
Баер Лервекузен со 3-1 го совлада Келн и се врати во топ 4, а Хофенхајм со 1-3 славеше против Аугсбург и ја продолжи битката за излез во Европа.