Категорија: Останато 20.06.2020 11:08
Поради инфицирани фудбалери цел тим на Ростов е во карантин, па на гостувањето кај Сочи мораа да отпатуваат со екипа на фудбалери под 18 години.
Таквиот состав ги чинеше пораз од 10:1, а главна ѕвезда беше голманот Денис Попов.
Тој прими десет голови, но имаше 15 интервенции меѓу кои и одбранет пенал со што постави рекорд во руската лига. Поради големиот број на одбрани беше прогласен за играч на натпреварот.